Петиција за укинување на патарините во Македонија

Укинување на патарините и воведување на „Вињета“ со што би се олеснило движењето по македонските патишта, се вели во онлајн петицијата која досега ја потпишаа околу 2.000 граѓани.

Иницијатор на петицијата е гостиварчанец кој смета дека со укинувањето исто така драстично би се намалиле и неподносливите гужви на наплатните рампи, особено во периодите кога низ државата транзитираат туристи.

„Локалните патишта би се растеретиле од возила и камиони кои луѓето ги користат како алтернатива со цел да заштедат плаќање патарина. Вработените во патаринити би се прераспределиле како контролори и продавачи на вињети, со добро конципиран систем Македонија ќе стане главна крстосница на Балканот“, стои во петицијата.