Пет битолски здруженија основаа Платформа за следење на воздухот „Земи здив“

Платформа за следење на квалитететот на амбиенталниот воздух „Земи Здив“ е основана во Битола, со цел да подигне хипер локална-мрежа од сертифицирани мерни станици.

Исто така, петте здруженија кои стојат зад Платформата целат да се идентификуваат, мапираат загадувачите и доставуваат поднесоци до институциите кои ќе се базираат на докажливи податоци од мрежата.

Потоа, да се генерираат документи, извештаи и анализи за состојбата и квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола, да се предлагаат мерки против аерозагадувањето и анимираат граѓаните и институциите за проблематиката.

Ваквата иницијатива би ја вклучика платформата и во сите други активности за заштита и унапредување на животната средина.

Задачи на Платформата се податоци во реално време, месечни и квартални извештаи, подигање на јавната свест, следење на ефектите од мерките, креирање политики, организирање на предавања итн.

Платформата е основана од: Младинска асоцијација ИМКА Битола, Регионално географско друштво ГЕОСФЕРА Битола; Здружение за одржлив развој СФЕРА МАКЕДОНИЈА Битола, Здружение на граѓани ЦЕНТАР ЗА ЕВРОПСКИ РАЗВОЈ И ИНТЕГРАЦИЈА Битола и Здружение на граѓани за советување и поддршка на лица со карцином или лица кои се излечиле ЈАСМИН Битола.