Персеидите, најубавиот летен метеорски дожд снимен над селото Герман

Иакио облаците покриваа голем дел од небото, Скопското астрономско друштво на својата ФБ страница објави повеќе фотографии од Персеидите – метеорскиот дожд кој викендов „врнеше“ и над Македонија. Погледнете ги Фотографиите во продолжение, како и видеото снимено над селото Герман:

Забрзаниот „time-lapse“ филм дава увид во тоа како изгледа кога ќе се наоблачи ведрото небо на планина, за помалку од еден саат, по што може да се видат Персеидите.

Максимумот на Персеидите годинва беше ноќта на 12 и 13 август. Предвидувањата за оваа година беа дека може да се очекуваат двојно повеќе од вообичаените стотина метеори на час карактеристични за овој рој.

Персеидите се појавуваат секоја година во август од соѕвездието Персеј. Ова настанува кога Земјата поминува низ облаци од честички прашина оставени од кометата Свифт-Татл. Најмалите честички се со големина на зрно песок, согоруваат во атмосферата на Земјата образувајќи метеорски дожд. Овој метеорски дожд е активен од 17 јули па се до 24 август додека максимумот речиси секогаш е на 12 август. Бројот на метеори обично достигнува 60 метеори на час.