Патнички авион со преку 170 патници се сруши во Иран, стравувања дека нема преживеани

Украински Боинг-737 со повеќе од 170 патници се срушил во Иран, додека претставници на иранската Црвена Полумесечина велат дека нема шанси за да се пронајдат преживеани, пренесува Би-Би-Си.

Авионот на Украина Интернешнал Ерлајнс се срушил кратко по полетувањето од аеродромот Имам Хомеини во Техеран, пренесе државната новинска агенција Фарс.

Авионот бил упатен за Киев, а украинските власти соопштија дека испратиле група за кризни ситуации за истрага на настанот.

Сè уште не е познато дали инцидентот е поврзан со конфронтацијата меѓу Иран и САД.

Спасувачки екипи биле испратени на локацијата каде се срушил авионот, но директорот на иранскиот оддел на Црвената Полумесечена за државните медиуми изјавил дека е „невозможно“ некој да го преживеал падот.

На авионот имало 168 патници и 9 членови на екипажот.