Параглајдеристот Борјан Јованоски втор на Светската ранг листа

Младиот Борјан Јованоски се искачи на второто место на Светската ранг листа во параглајдинг, во дисциплината прецизно слетување. Пласирањето доаѓа по резултатите од Европскиот куп кој се одржа во Романија, Урои.

„Секој успешен спортист заслужува признание, особено кога е втор во свет“, велат од Воздухопловната Федерација на Македонија.

Јованоски во моментов се подготвува за Светско првенство во Вршац, Србија, во септември. Со параглајдинг се занимава од свои 14 години, а досега учествувал на бројни натпревари. Тој е член на Алумни клубот при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.