Панел дискусија за младинско претприемништво и вработување

На 12 јуни (среда) со почеток во 12 часот во City Hall Center – Скопје ќе се одржи панел дискусија насловена „Можности и бариери за младинско претприемништво и вработување во приватниот сектор во Северна Македонија“, посветена на младинската вработеност, претприемништвото и образованието за претприемништво.

Настанот претставува можност да се претстават и дискутираат наодите и препораките од истражување кое беше изработено од страна на Институтот за европска политика (ЕПИ).

Говорници на панел – дискусијата ќе бидат:

Крешник Бектеши – Министер за економија
Фатмир Бесими – Универзитетски професор на Универзитетот на ЈИЕ, поранешен заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања и поранешен министер за економија
Валентина Дисоска – Здружениe на бизнис жени – Македонија
Олимпија Христова Заевска – Советничка за меѓународна економија и развој – Кабинет на Премиерот на РСМ
Тања Илиевска – Претставник од Фонд за иновации и технолошки развој
Ивона Крстевска – Национален младински совет на Македонија
Норик Селими – Извршен директор Kariera.mk

Настанот ќе се финализира со доделување на награди и сертификати на победниците од Школата за претприемништво „Од идеја до стартап“ која беше спроведена од Младински образовен форум (МОФ).

Пријавувањето за овој настан можете да го направите на следниот линк.

На настанот ќе биде достапен превод на македонски, албански и англиски јазик.

Овој настан се одржува во рамки на проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образованието за претприемништво“ кој се спроведува од страна на ЕПИ и МОФ, а е поддржан од Центарот за меѓународно приватно претприемништво/Center for International Private Enterprise (CIPE). Целта на проектот е да се придонесе кон зголемување на капацитетите на младите од Северна Македонија да се вклучат во претприемништво, да се зголеми улогата на приватниот сектор во образованието за претприемништво и да се зголеми поддршката на политики кои ги подобруваат економските услови за младите од државата.