Паметна туш батерија опоменува кога се троши премногу вода

Лесно е да се изгуби мерка за тоа колку вода трошиме додека се тушираме. Затоа, тимот зад Hydrao цели да ја подигне свесноста за големата потрошувачка на најзначајниот ресурс на Земјата.

За да го стори тоа, компанијата креирала туш батерија со ЛЕД светилки, која ја менува бојата кога сте потрошиле повеќе вода одошто е потребно.

Во изминатите години имаше некоку високотехнолошки решенија кои би ја намалиле употребата на вода во бањите. Тушеви кои ја прочистуваат и повторно ја користат водата која истекува во одводот, други кои ја атомизираат водата во минијатурни капки место да испуштаат големи, како и оние кои ја менуваат бојата од зелено во црвено кога е време да ја напуштите бањата се само некои од примерите.

Hydrao го следи истиот пристап, носо неколку подобрувања во дизајнот. Туш батеријата е дизајнирана за да одговара на стандардно црево. На неа има ЛЕД светилки низ кои тече вода, а батерии не се потребни. Кога пуштате вода има зелено светло, потоа станува сино кога се потрошени 10 литри вода, портокалово на 30 литри, и трепка со црвена светлина кога сте стигнале до 50 литри.

Може и да се конектира со смартфон преку Bluetooth, за корисниците да си создадат индивидуални профили каде ќе ја забележуваат потрошувачката на вода и ќе запишуваат цели за заштеда на вода.

Извор: Gizmag