Пакистан со апели за помош од меѓународната заедница за штетите од поплавите кои погодија 33 милиони луѓе

Пакистан апелира за „огромна хуманитарна акција“ од страна на меѓународната заедница поради големите поплави кои погодија 33 милиони луѓе, а илјадници луѓе го загубија животот, пренесува „Еуроњуз“.

Според процените на владата силните монсунски дождови предизвикале вкупна штета од 10 милијарди евра.

Pakistan’s Federal Planning Minister Ahsan Iqbal said the number of fatalities and people facing homelessness was continuing to rise due to the floods, triggered by abnormal monsoon rains.

„Степенот на уништување е огромен и бара голема хуманитарна помош за 33 милиони луѓе. За ова, апелирам до моите сограѓани Пакистанци, иселениците од земјата и меѓународната заедница да ѝ помогнат на државата во овие мигови кога тоа е најпотребно“, изјавил федералниот министер за планирање на Пакистан, Ашан Икбал.

Повеќе експерти сметаат дека катастрофалниот дожд и поплавите се резултат на климатските промени, а со истиот став е и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, кој претходно неделава изјави дека светот „месечари“ низ смртоносната криза.

Претходно неделава ОН и Пакистан упатија заеднички апел за 160 милиони евра вонредно финансирање со цел да им помогнат на милионите луѓе кои беа погодени од поплавите што уништија повеќе од милион домови.

За време на поплавата речиси една третина од земјата беше под вода.

Во последниот извештај од Пакистанската национална управа за управување со катастрофи има уште 57 пријавени мртви, што значи дека бројот моментално изнесува 1.256 жртви, а се очекува истиот да расте бидејќи постојано се откриваат нови тела, а пријавено е и дека болестите што се пренесуваат преку вода веќе започнале да се шират.