Падна сајтот за имиграција во Канада по најавите дека Трамп победува

Американците критичари на Доналд Трамп често се шегуваа дека доколку тој биде избран за претседател ќе се преселат кај нивниот северен сосед. Кога тоа сценарио почна да станува многу веројатно во текот на ноќта, сајтот за имиграција во Канада падна и веќе со часови е непристапен.

Засега американските медиуми, само претпоставуваат дека тоа е поради ненадејниот голем број на луѓе кои се обиделе да пристапат до сајтот. Агенцијата Ројтерс не успеала да ги добие канадските служби за информација. Сè уште луѓето кои се обидуваат да пристапат до неа наидуваат на грешка или на долго неуспешно вчитување на страната.

Вебсајтот е наменет да информира кои се начините да се добие канадско државјанство или престој земјата.

Слична ситуација имаше и по референдумот во Велика Британија за излез од Европската Унија, кога за само неколку часа на Гугл беше забележан огромен раст во пребарувањето на поимот „како да се иселам во Канада“.