Отворено: Владеење на правото во Република Македонија

Каква е ситуацијата со владеење на правото во Македонија во светло на актуелната ситуација и бројните извештаи од респектабилни меѓународни институции?

– Дали се сите граѓани еднакви пред законот, или некои се „поеднакви“ од другите?

– Дали институциите што треба да спроведуваат закон и ред работат независно или се инструменти на владејачките елити?

– Може ли да се види разрешницата на политичката криза преку обезбедување на ефикасен и фер правосуден систем?

Ова се само дел од прашањата кои ќе се дискутираат на ТВ дебатата „Отворено“, која ќе се емитува на 13 јули (понеделник), со почеток од 20:45 часот на ТВ 24 Вести.

Со граѓаните дебатираат:

д-р Ѓорѓи Спасов – универзитетски професор, поранешен министер за правда, пратеник и Амбасадор на РМ во Лондон и Софија

д-р Гордан Калајџиев – универзитетски професор, претседател на Македонскиот хелсиншки комитет за човекови права

д-р Мерсел Биљали – универзитетски професор, поранешен пратеник и советник на претседателот Трајковски и премиерот Бучковски

д-р Жидас Даскаловски – универзитетски професор, претседател на Центарот за истражување и креирање политики, директор на Школата за јавни политики „Мајка Тереза“.

Доколку сакате да бидете дел од гостите во студиото ќе може да се пријавите на http://goo.gl/26sAVs или на телефонскиот број 077 508 843 најдоцна до недела, 28ти јуни. Бројот на места во публика е ограничен. Учесниците во студиската публика ќе бидат контактирани од страна на организаторите.

Вашите прашања, аргументи и мислења споделувајте ги на #отворено.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција и Младински образовен форум, финансиран од Националната фондација за демократија (НЕД).