Отворени дебати за претприемништво: Македонија има услови за стартап бизниси

Во четврток ( 27 февруари) во МКЦ Клуб Ресторан ќе се одржи дебата на тема: „Македонија има услови за почнување на стартап бизниси“.

Отворени дебати за претприемништво:Македонија има услови за стартап бизниси

Дебатата „Македонија има услови за почнување на стартап бизниси“ е прва во серија на отворени дебати за претприемништво насловена „20 минути претприемништво“ каде во пријатна атмосфера ќе се зборува за сите аспекти на овој сектор.

Говорници во првата дебата ќе бидат Димитар Османли од Едукативниот центар М6 и Сашо Трајкоски од ИТЦ Групацијата.

Почетокот на настанот кој е во организација на Фондацијата ПСМ и Фондацијата „ИДЕА ЈИЕ“ е закажан во 18.30 часот.