Отворен повик за учество во менторската програма на „PlayUK“

Во рамките на „PlayUK 20/21“ ќе се реализира новата програма за менторство за младите креативци во индустријата за игри, а за време на тримесечната програма, која ќе започне во јануари, 10 креативци кои се на почетокот од својата кариера во индустријата за игри ќе имаат можност да работат со избрани ментори – експерти од оваа индустрија во Обединетото Кралство.

За учесниците во програмата предвидени се индивидуални менторски сесии, со времетраење во 8 часови, преку кои од менторите ќе добијат поттик да ги идентификуваат нивните цели, амбиции, развојни потреби и да истражат како да ги остварат. Во рамките на програмата ќе се одржи и динамичен настан за вмрежување, на којшто учесниците ќе имаат можност да ѝ ја претстават својата работа на публиката ширум светот.

Слободно може да се пријават сите лица кои работат на игри од разни области, вклучително дизајн, програмирање, наративен дизајн, продукција и уметност, пишување сценарија и развој на заедницата.

„Во потрага сме по поединци коишто се на почетокот или во рана фаза од нивната кариера, како и сите на кои им е потребна поддршка да ги идентификуваат новите цели и да работат на нивното исполнување. Ве молиме, имајте предвид дека за да учествувате во програмата потребно е имате соодветно ниво на познавање на англискиот јазик, бидејќи предвидено е програмата да се одвива на англиски јазик“, посочуваат од „PlayUK 20/21“.

Ментори имаат широка експертиза и специјалност која опфаќа наративен дизајн, продукција, дизајн на игри, деловен развој, кураторство и програмирање. Нивното колективно искуство опфаќа многубројни игри за мобилен телефон, компјутер и конзола, многубројни награди од Британската академија за филмски и телевизиски уметности (БАФТА), соработка со водечките светски културни институции и водечки улоги во врвните компании за производство на видеоигри. Дознајте повеќе за нашите ментори овде *внесете линк што води до веб-страницата*.

Пријавувањето започнува на 25 ноември и завршува на 10 декември, во 17.00 часот по средноевропско време.

Повеќе за повикот и пријавувањето видете ОВДЕ.