Отворен повик за учество на младинските лидерски кампови ГЛОУ и ИМЛП

Младинската асоцијација ИМКА Битола во партнерство со Мировниот Корпус на Македонија го објави повикот за апликанти за младинските лидерскикампови GLOW (Girls Leading Our World – Девојките го водат светот) и YMLP (Young Man’s Leadership Project – Младинскиот лидерски проект). Повикот се однесува за 160 средношколци од цела Македонија.

 Кампот GLOW ќе се одржи во периодот од 21-28 јули, а кампот YMLP ќе се одржи од 7-14 јуни во Крушево.

Организаторите информираат дека сите кампери добиваат 88% стипендија за покривање на трошоците, а потребно е да платат учество од 2.000 денари. Трошоците вклучуваат: сместување, три оброци дневно, две ужини дневно, потребни материјали, програмски трошоци и групно осигурување за времетраење на кампот.

 Крајниот рок за аплицирање е 30-ти април.

 Кампот GLOW е мултикултурен камп за лидерство што ги зајакнува младите девојки и ги инспирира да станат лидери во нивните заедници. Девојките учат за самодоверба, пријателство, пособување на жената, животната средина, волонтерство, уметност и друго. Кампот GLOW се изведува на англиски јазик. 

Кампот YMLP, пак, е камп во американски стил, наменет за момчиња. Тоа е мултикултурен камп за лидерство со неформална наставна програма фокусирана на: лидерство, личен развој, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и друго. Камперите исто така учат основни вештини за кампување и имаат можност да постават шатори, камперски оган, да зготват храна, како што ротираат со спиење во кабини и шатори.