Отворен повик за развој на зелени и социјални бизниси

Организацијата за социјални иновации АРНО објави повик за учество во програмата наречена „RISE Journey“.

Тој е отворен до 27-ми септември и на него може да се пријват оние кои имаат идеја  или иновативно решение за нов и подобар пристап кон природата, образованието, зајакнување на жените, културата, руралниот развој, здравството или вработувањето.

Повикот се однесува на млади (18-35) кои можат да работат во тим и се подготвени да развиваат своја идеја за зелен/социјален бизнис.

Формуларот за аплицирање се наоѓа на следните линкови (МК) и (АНГ)

„RISE ќе поддржи и охрабри нова генерација на регионални креатори на промени кои ќе решаваат предизвици во своите локални заедници. Вештините, знаењето и искуството во социјалното претприемништво ќе ви помогнат да ги решите социјалните и/или еколошките прашања или предизвици,  и ќе ви помогнат да изградите одржлив бизнис модел кој ќе генерира профит додека истовремено решавате општествен предизвик“, појаснуваат од АРНО.

RISE = Регионален инкубатор за социјални претприемачи, е проект за мотивирани и посветени млади, подготвени да учат и да менуваат работи и да го подобрат целиот регион.