Отворен конкурсот за Лузер Фест 2016

Лузер Фест, фестивал на кој млади и неоткриени македонски бендови  се натпреваруваат за договор со продуцентска куќа за објавување на албум, годинава ќе се одржи на 26 ноември. Пасворд Продукција го објави конкурсот, на кој можат да се пријават сите бендови кои немаат издадено албум.

И оваа година победникот на „Лузер Фест“ ќе биде награден со снимање на албум во студиото „Марифет“ (мarryPHAT) на Ивица Јанкуловски – Штраф и објавување на албумот под капата на „Пасворд Продакшн“, а покрај главната награда, ТАКСИРАТ и годинава ќе ги вложи сите свои расположливи сили за поттик и промоција на најдобрите од новото издание на „Лузер Фест“.

Пасворд Продукција ги повикуваме сите македонски млади и неоткриени бендови до 20 октомври 2016 да испратат 3 свои песни на конкурсот. За да се пријават на конкурсот, музичките групи или солисти треба во електронски формат да достават:

* три досега необјавени авторски песни (во кој било аудио формат),

* контакти

* фотографија и

* кратка биографија на бендот и членовите.

Пријавите, најдоцна до 20 октомври 2016, треба да бидат испратени на и-мејл адресите: info@password.mk & shurbe@password.mk.

ВАЖНО:

* „Пасворд“ ги задржува правата да објави компилација од сите групи кои ќе настапат за време на „Лузер Фест“;

* Пријавените бендови треба да достават свои досега необјавени и неиздадени снимки, а во спротивно ќе бидат дисквалификувани;

* „Пасворд“ има право да ги објавува пријавените песни од страна на изведувачите на своите социјални и асоцијални мрежи

* Сите бендови кои ќе се пријават ќе бидат објавени, а селекцијата ќе се одреди по истекување на рокот за пријавување.

И годинава Таксират околу одржувањето на ЛУЗЕР ФЕСТ ќе најави и уште неколку настани кои ќе ја направат Таксиратската недела доволно добра да може да се поднесе остатокот од времето до изборната година.