Отворен конкурс за учество на „Филмај 2021“ – меѓународниот фестивал за краток филм

Фото кино клуб „Козјак“ Куманово распиша конкурс за Третиот меѓународен фестивал за краток филм „Филмај 2021“.

Конкурсот се однесува на кратки играни и документарни филмови до 20 минути, а ќе се прифатат и експериментални филмови, но не и анимирани.

Филмовите кои ќе аплицираат потребно е да се завршени по 01.01.2018 година.

Пријавувањето за учество е преку платформата Film Freeway на следниот линк.

На конкурсот ќе се доделат 4 награди:

  • награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија
  • награда „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија
  • награда „Козјак“ за најдобро сценарио
  • награда за најдобар македонски (домашен) филм

Резултатите од конкурсот ќе бидат соопштени на 3 мај 2021. Фестивалот, пак, е планирано да се одржи на 28 мај, 2021.

Повеќе информации за фестивалот и конкурсот се достапни на веб-страницата: http://filmay.kozjak.mk