Отворен конкурс за авторско дело на тема „Другите“

Магазинот „Портрет“ во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт го објавува отворениот повик „Другите“ . Заинтересираните можат да испратат авторски дела во форма на фотографија, текст, илустрација, краток филм или видео на тема надминување на поделбите меѓу луѓето, прифаќање на нивните особености и препознавање на сличностите.

Конкурсот е отворен до 31 декември, а наградените дела, избрани од посебна стручна Комисија ќе добијат објава на нивното дело во „Портрет“ магазин.

„Секојдневно се разминуваме со секакви лица со кои не знаеме што нè спојува, а што нè разликува. Сликата за другите ја градиме самите, а секогаш е подобро да се прифатат и разберат отколку да се осудуваат и да потпаѓаат под стереотипи. Секој човек во себе носи приказна, носи маани и извонредни доблести. Кога ги разбираме другите, учиме повеќе за себе, повеќе за светот, избираме почит и го правиме животот поубав. Покажете ни го својот талент, разбирање и поимање за „Другите“ , велат од магазинот.

Креативните дела е потребно да се испратат на contact@portretmag.com.