Отворен кастинг за краткометражниот филм „Куќата на Нора“

Во недела (28.7), со почеток од 13 часот до 19 часот, во просториите на Кино Култура во Скопје, ќе се оддржи отворен кастинг за краткометражниот игран филм ,,Куќата на Нора”, по сценарио и режија на Ханис Багашов.

На кастингот може да се пријават девојки од 18 до 35 годишна возраст, како и деца (момчиња и девојки) од 6 до 13 годишна возраст.

Задолжително е зборувањето на албанскиот јазик.

Филмот ја раскажува приказната на младата девојка Нора, која живее со семејството во село, и се соочуваат со ненадеен настан.