Отворен ден во „Лајка“ за Светскиот ден на бездомните кучиња

Јавното претпријатие „Лајка“ во Скопје организира отворен ден за љубителите на кучиња кој ќе се одржи утре (4 април) од 10-14 часот, по повод Светскиот ден на бездомните кучиња.

Од „Лајка“ ги повикуваат граѓаните да им се приклучат во одбележување на овој ден, како заедно би придонеле за подигнување на свеста за одговорно сопствеништво.

„Волонтирањето како дел од активностите на ЈП Лајка има значаен придонес во унапредување на благосостојбата на бездомните кучиња во прифатилиштето“, велат тие.

Поради почитување на пропишаните мерки за Ковид-19 оние кој ќе сакаат да волонтираат ќе треба да го потврдат своето присуство на volontiraj@lajka.com.mk. Бројот на места е ограничен.