Отвораме конкурс за избор на Најдобра фотографија со отпад од метрополата

По повод изборот на Скопје за „Европска претстолнина на ѓубрето 2025“, Радио МОФ отвора повик за Најдобра фотографија со отпад од метрополата.

Фотографиите може да прикажат како се цеди отпад по тротоари, може да бидат фотки со накрцани и запалени контејнери, може да бидат со стаорци што пешачат крај коловоз. Или, едноставно, направете фотографија од вашата омилена содржина од дините со ѓубре.

Користете стар апарат, дигитален, телефон. Сеедно. Изборот е ваш.

Само треба да излезете на 7,5 метри од вашите домови и да сликнете, а потоа да ја пратите фотографијата на info@radiomof.mk со назнака „За конкурсот за најдобра фотографија со отпад од метрополата“.

Сега е времето на ѓубрето. Сега е време да го фотографираме и документираме. Сега е време да дадеме наш значаен граѓански придонес и да се заблагодариме на надлежните институции и претпријатија за добивање на овој престижен статус „Европска престолнина на ѓубрето“.

Најдобрите фотографии ќе ги објавиме идната недела.