Осуммина починати и 588 новозаразени со Ковид-19

Во последните 24 часа од Ковид-19 починале 8 лица, односно по две лица од Тетово на 66 и 72 години и Гостивар на 67 и 72 години и по едно лице од Скопје, на 65 години, од Прилеп на 51 година, од Кичево на 74 години и едно лице од Велес на 65 години. Од починатите, едно лице починало во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.

Од МЗ исто така информираа дека во изминатото деноноќие се потврдени 588 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 230 случаи во Скопје, Тетово – 101, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница  – по 3, Ресен и Македонски Брод  – по 2 и по 1 случај од Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево.

Регистрирани сe 26 оздравени пациенти, односно од Скопје – 8,  Тетово – 6, Гостивар – 4, Куманово, Битола и Берово – по 2 и по 1 од Кичево и Валандово.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 бројката на оздравени пациенти е 150.613, на починати е 5.521, а бројот на активни случаи изнесува 3.135“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.033.882 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 5.780 тестови.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови, заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)
Скопје 69879, Активни 1053
Куманово 9114, Активни 193
Прилеп 8359, Активни 28
Тетово 8127, Активни 755
Битола 6395, Активни 75
Гостивар 5583, Активни 370
Велес 5498, Активни 21
Кавадарци 5189, Активни 31
Охрид 5088, Активни 67
Штип 4983, Активни 18
Струмица 4220, Активни 88
Струга 3050, Активни 67
Кочани 2823, Активни 27
Кичево 2771, Активни 161
Гевгелија 2199, Активни 2
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1536, Активни 9
Ресен 1242, Активни 8
Крива Паланка 1229, Активни 2
Радовиш 1183, Активни 19
Берово 1053, Активни 18
Дебар 1025, Активни 71
Делчево 977, Активни 3
Виница 898, Активни 12
Пробиштип 791, Активни 2
Валандово 681, Активни 11
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 398, Активни 2
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 372, Активни 13
Пехчево 279, Активни 8
Мак.Каменица 250, Активни 1
Дојран 132, Активни 0