Осум диџеи и забава на брод на „Десонанц“ во Струга

Утревечер, во 22 часот, фестивалите „Дримон“ и „Десонанц“ организираат целовечерен настан на електронската музика во Струга.

Ќе настапат осум диџеи на две сцени, а ќе има и забава на брод се до утринските часови.

Покрај британскиот ди-џеј Иниго Кенеди, ќе настапат и македонските диџеи Андреас Херц, Клара, Митрик, Меги, Оги, Боби, Кроном.

Главната сцена, на која ке настапи гостинот од Англија и нашите Андреас Херц, Клара и Митрик ќе биде сместена во големиот Хангар кој се наоѓа во комплексот од центарот за култура во Струга, додека на летната сцена ке биде сместена втората сцена, каде што ќе има настап на Боби и Оги до полноќ.

На врата ќе може да се купат нараквици за забавата на брод, за кој ќе биде организиран и автобуски превоз до локацијата за кој се планирани Меги и Митрик.

Кенеди претставува икона во светот на електронската музика со над 100 музички изданија и две децении активна инволвираност во британската и интернационалната сцена, како и актуелно име кое често можете да го сретнете во програмите на елитните техно храмови низ светот како: Фабрик, Бергхајн, Трезори сл. Како музичар и продуцент, неговата иновативност и уникатен пристап се легендарни, со каталог на изданија на водечките техно етикети како Токен, Семантика и неговата сопствена издавачка куќа Асиметрик.

Карти во предпродажба во строго ограничен број ке можат да се набават преку продажните мрежи на mktickets.mk и karti.com.mk и на пред почетокот на настанот на врата.