Оставка на директорот на МЖ по шест дена од штрајкот на железничарите

Директорот на Македонски железници – транспорт, Никола Костов поднел оставка, потврдиле од Владата, пренесува Телевизија 24. Потегот следува откако шест дена вработените во железници штрајкуваат поради неисплатени плати.
Претходно, Владата на седница одлучи да зголеми директната помош за оперативното работење на Железницата за 70 милиони денари на годишно ниво. Овие средства од Владата ги условија со враќање на работниците на работа.
Железничарите велат дека не отстапуваат од штрајкот додека во целост не им биде исплатена јануарската плата.