Основците со 5.0 просек пријавени во гимназијата „Орце Николов“ ќе полагаат квалификациони тестови во петок

Дури 400 ученици се пријавиле за да учат во гимназијата „Орце Николов“ за учебната 2019/2020 година, но слободни места има за 285. Од пријавените, 330 завршиле со просек 5.0. За да се направи ранг листата, учениците со сите петки, во петок ќе полагаат квалификациони тестови по математика и македонски јазик.

Одговорни за тестовите се Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

Според Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта, резулати ќе има уште истиот ден.

Радио МОФ испрати прашање до МОН за тоа како ќе се спроведува квалификационото тестирање за упис и дали има потреба да се спроведе и во други гимназии.