Ослободен од обвинение писателот кој полскиот претседател го нарече „морон“

Полскиот суд го ослободи од обвиненето познатиот писател Јакуб Жулчик кој го нарече полскиот претседател Дуда – „морон“, пренесува „Euronews“.

Писателот можеше да биде осуден на тригодишна затворска казна поради навредување на претседателот преку објава на социјалните мрежи.

Но, судот во Варшава одлучи да го ослободи од обвинението и го отфрли понатамошното судење. Судиите изјавиле дека обвинението ги става под ризик правата на слободен говор во Полска и во иднина да го спречи критикувањето на политичките функционери.

„Обвинетиот не сторил никакво кривично дело, па тој нема за што да се казни“, гласела пресудата на судот.

Судијата кој го водел случајот изјавил дека јавните функции, како претседател на држава, мора да бидат изложени на јавни критики.

Одлуката била пречекана со позитивни реакции од јавноста во полска, но од владеачката десничарска партија „Закон и правда“ изјавиле дека пресудата го легитимизира говорот на омраза и ја нарушува јавната дебата.

Портпаролот на полскиот претседател Дуда претходно изјавил дека канцеларијата не ја поднела тужбата против писателот, туку тужбата била поднесена од индивидуално лице.

Во 2020, Жулчик коментирал на двосмислен твит на претседателот Дуда, во кој тој му честита на Бајден за успешната претседателска кампања, но додава дека тој сепак ќе ја почека номинацијата на изборниот колегиум.

Полски автор осуден бидејќи го нарекол претседателот Дуда „морон“