Орегон стана првата држава во САД која легализираше поседување на потешки дроги

Аризона, Монтана, Њу Џерси и Јужна Дакота гласаа за легализирање на рекреативното користење на марихуаната како дел од националниот труд за ублажување на законите за дрога.

Четири држави изгласаа легализирање на марихуаната, а Орегон стана првата американска држава која го декриминализираше поседувањето на мали количества потешки дроги.

Гласачите во Аризона, Монтана, Њу Џерси и Јужна Дакота изгласаа мерки за легализирање на рекреативно користење на канабис, што претставува голема победа за движењето кое се труди да ги намали штетите од криминализирањето на канабисот.

Државите се придружија на реонот Колумбија и 11 други држави кои веќе го легализираа користењето на канабисот, иако тој останува илегален на правно ниво во САД. Победата дозволува Њу Џерси да стане најголемиот пазар за канабис на источниот брег и еден од поголемите во САД. Одлуката исто така прави притисок и соседните држави, во случајов Њујорк, да го легализираат канабисот. Но, Њу Џерси најпрво треба да воспостави правила пред отворањето на бизнисите, па уште е нејасно кога ќе започне новата индустрија.

Орегон стана првата држава во САД која го легализираше поседувањето на мали количества хероин, кокаин и ЛСД. Мерката е поддржана од правните групи кои ги предводат реформите за ослободување на луѓето од затворите и притворите за поседување и нивно лекување и опоравување.

Мерките во Аризона дозволуваат легализирање на поседување околу 28 грама марихуана, со што ќе се постави и лиценциран продажен систем кој ќе започне да функционира во март. Во државата веќе функционираат локалите за продажба на медицинска марихуана.

Мерките за канабисот исто така целат кон ублажување на последиците од војната против дрогите, процес во кој законите диспропорционално ги таргетираа афроамериканското и мексиканското население. Со воведување на законите во Аризона, луѓето кои биле осудени за поседување на марихуана ќе имаат исчистено досие.

Преку орегонската иницијатива, ќе биде дозволено луѓето кои биле уапсени со мала количина на потешки дроги да го одбегнат судењето и затворањето преку плаќање на казна од 100 долари и посетување на центри за лечење од зависности. Ваквите центри ќе се финансираат од продажбата на легализираната марихуана која трае веќе неколку години во Орегон.

Гласачите во Орегон исто така изгласаа и легализација на терапевтската употреба на психоделични печурки.

Извор: Guardian