Општина Дебрца ќе дава субвенции за купување велосипеди

Општина Дебрца ќе доделува субвенции за граѓаните кои ќе купат велосипед со цел да се поддржи рекреативниот спорт и здравите животни навики.

Акцијата “Живеј здраво – вози точак” ја најави градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески, кој информираше дека секој граѓанин кој ќе купи нов велосипед ќе добие поединечна субвенција, во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари.

„Условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општината за субвенционирање на физички лица за купен велосипед ќе се утврдат во јавниот повик, кој ќе биде транспарентно објавен. Mens sana in corpore sano – во здраво тело здрав дух!“, вели Ногачески.