Младински образовен форум и Фондацијата за демократија Вестминстер (WFD) ве покануваат да го проследите третото отворено предавање за студенти од цуклусот „Ново студентско секојдневие“.
Третото предавање од циклусот е посветено на темата финансиска писменост и е насловено „Управување со личните финансии во време на криза“.
Предавањето ќе се одржи на 5 мај во 19:00 часот на платформата за видео комуникација Zoom.
Предавач ќе биде Александар Радомировиќ. Тој е магистер по економски науки со повеќегодишно искуство како предавач за лични финансии и претприемништво.
Целта на предавањето е да се даде основни знаења на темата финанскиска писменост и да се научи на алатките и методите како ефективно да управуваме со личните финансии. За време на предавањето ќе биде даден одговор на прашањата:
- Како да научиме мудро да управуваме со личните финансии?
- Што требаше а најверојатно не го направивме за да ги ублажиме последиците од кризата врз нашиот личен буџет?
- Кои поуки да ги извлечеме од ситуацијата во која се наоѓаме и какви корективни мерки да превземеме за да си обезбедиме посигурна иднина.
Доколку сакате да го проследите предавањето се што треба да направите е да ја пополните апликацијата: https://forms.gle/LMmKGyB3TNiXUZpz9 и да се вклучите на линкот во терминот на посакуваното предавање, кој ќе ви биде испратен на вашата e-mail адреса.
Циклусот отворени предавања за студенти „Ново студентско секојдневие“ е организиран во рамки на проектот „Зајакнување на демократските компетенции и учество на младите луѓе“, имплементиран од страна на Младински образовен форум, а во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.