Онлајн настан: Ко-продукција на филм без буџет

#EuropeanFilmChallenge ги поканува сите студенти, млади филмаџии и љубители на филмот на  онлајн настан на 22 декември на тема: Локални перспективи за млади филмаџии – Ко-продукција на филм без буџет.

Настанот почнува во 13:00 часот, кога по воведното предавање за ко-продукција на филм без буџет ќе бидат споделени искуства на оваа тема. Говорници се Ивица Димитријевиќ, актер и продуцент, Мартин Иванов, монтажер и продуцент заедно со гостите Кристијан Винклер (Австрија), сценарист и режисер, и актерот Гораст Цветковски.

Линк до настанот има ТУКА.  За време на настанот сите учесници можат да поставуваат прашања за говорниците и гостите, а настанот ќе може да се следите и во живо на Фејсбук.