Онлајн национално дебатно првенство од 17 јуни

Младински образовен форум за 17, 18 и 19 јуни го најавува овогодинешното Онлајн национално дебатно пренство.

„Најзначајниот и најголемиот дебатен турнир во организација на МОФ, преку кој се избираат националниот дебатен првак и најдобрите говорници дебатери, оваа година ќе се одржи онлајн“, соопштуваат од МОФ.

Наскоро ќе биде објавена платформата преку која ќе се одвива дебатното првенство, кое ќе се одржува во рунди: 4 прелиминарни, полуфинале и финале.

Повеќе информации следете ТУКА.

Доколку сакате да учествувате на турнирот, пополнете ја апликацијата најдоцна до 7 јуни.
Регистрација на тимови: https://forms.gle/6W9PfHV1rTno4nao9
Регистрација на судии: https://forms.gle/6MCqonGAiJvRuhR49