Онлајн конференција „Перспективи и можности за ефективна еколошка правда“

„Перспективи и можности за ефективна еколошка правда“ е насловена онлајн конференцијата која во петок (18 декември) во 10 часот ја организира Здружението на граѓани Центар за еколошка демократија „ФЛОРОЗОН“ од Скопје.

Целта на конференцијата, како што велат од Здружението, е да се адресираат прашањата од областа на еколошката правда и нивната примена во нашиот општествен контекст и да се сублимираат резултатите од двогодишното спроведување на активностите во рамките на проектот „Еднаков пристап за ефективна правда” кој „Флорозон“ го спроведува во партнерство со Environmental Law and Management Association (EMLA) од Унгарија.

Поради актуелната состојба со Ковид-19, конференцијата ќе биде одржана на платформата „Zoom“, а сите заинтересирани можат да присуствуваат на настанот преку регистрација на следниот ЛИНК, или на мејл: project@florozon.org.mk.

Агендата на конференцијата и повеќе информации може да најдете ТУКА.