Онлајн дискусија за интеграција на луѓето со нарушено ментално здравје

Во четврток (3 декември) Здружението за ментално здравје Асоцијација Мисла ќе организира панел дискусија на тема „Предизвиците во ресоцијализација, реинтеграција и рехабилитација на луѓето со нарушено ментално здравје“.

Дискусијата ќе трае од 12 до 15 часот, а на неа предвидено е да говорат:

– д-р Мирјана Јовановска Стојановска, психолог, Претседател на Комора на психолози на Македонија
Барбара Садовска, психолог, Претседател на Фондацијата за взаемна помош „Барка“ од Познањ, Полска
Јасмина Калеовска, социјален работник
Стефанија Граовац, членка на Асоцијација Мисла.

Модератор на настанот ќе биде Билјана Дуковска, Претседател на Македонската платформа против сиромаштија.

„Како луѓето со нарушено ментално здравје можат да се интегрираат во општеството, да создаваат пријателства, врски, семејства? Како тие да бидат работоспособни и колку системот им дава шанса да го остварат своето право на вработување, да бидат самостојни и да имаат достоинствен живот? На оваа тема ќе зборуваат професионалци од областа на здравството и социјалата, но и самите граѓани кои се соочуваат со овие предизвици“, најавуваат од Асоцијацијата Мисла.

Настанот ќе биде организиран онлајн на платформата ЗООМ и до него ќе можете да пристапите на следниот линк:

https://us02web.zoom.us/j/89033856949

Meeting ID: 890 3385 6949

Заинтересираните за учество можат и физички да присуствуваат на дебатата во просторите на Граѓански ресурсен центар во Скопје (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 50), но бројот на присутни ќе биде строго ограничен и со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.

За присуство таму задолжително е претходно да се најавите на нивните е-маил адреси: association.misla@gmail.com или info@misla.org.mk, најдоцна до денес (1 декември).