Онлајн дискусија: Tехничките елементи на пишувањето рап песна со Тonyo San

КСП Центар-Јадро утре (26 ноември) од 17 часот продолжува со својата онлајн програма со дискусија со Антонио Арангеловиќ (Тоnyo San) за техничките елементи и аспекти на еден емси (рапер).

„Преку заедничка анализа на дел од песните на Tonyo San и неговата методологија во однос на пишувањето ќе се обидеме да ги разгледаме различните елементи во пишувањето: , тема, punchline, интуитивност, интензитет на глас, емоција, flow, живописно раскажување и др“, велат од Јадро.

Целта на оваа дискусија е да се разгледаат деталите на пишувањето на рап песни и колку таа техника придонесува кон градење на автентичен идентитет на рап артистот.

Антонио Аренгеловиќ, професионално познат како Тонио Сан или РНС e македонски рапер, стрип уметник и универзитетски професор. Oд 2015 година работи во ФОН Универзитетот на Факултет за Дизајн и Мултимедија. Во мај 2019 ја издаде својата прва Графичка новела насловена „Некои мали нешта“. Има издадено три соло албуми – „Цветот на светот“ (2004); „Друштвото на мртвите поети“ (2010) и „Синтеза на ум и меч“ (2012). Исто така, соработуваше и беше дел од албумите на артисти како Green Out, Легијата, но и во неколку компилации.

Дискусијата ќе биде на Фејсбук профилот на КСП Центар-Јадро. После дискусијата, публиката ќе може да учествува со свои коментари и прашања.

Модератор на дискусијата ќе биде Ѓорги Пулевски (Џоџо).

Серијата на дискусии за хоп-хопот се поддржани од Амбасадата на Швајцарија.