„Олимпијада за читање и математика“ денеска во Градски парк

Едукативно-забавен настан насловен како „Олимпијада за читање и математика“ ќе се одржи денеска кај Школка во Градскиот парк во Скопје во организација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ и Проектот на УСАИД.

Активностите се наменети за децата, а олимпијадата е дел од низата настани што се организираат по повод затворањето на петгодишниот проект „Со читање до лидерство“.

Настанот ќе започне во 11:30 часот, а ќе трае до 13:30 часот.

Дел од содржините се:

– „Азбучно бинго“, „Разговараме за чувствата“, „Кога рибата би се викала птица“, „Збор по збор до приказна“, „Гасеница“, „Математичко килимче“.. и уште многу други групни забавни активности за читање и математика
– Библиотека на тркала
– Совети за читање од Доктор Читко
– Ликовно катче