„Олд старс викенд“ на 25 и 26 октомври во МКЦ

На 25 и 26 октомври, легендарната панк-група „Флукс“ ќе означи 25 години постоење, додека нивните колеги од панк-рок групата „Културно уметнички работници“ ќе ја заокружат 20-тата година од постоењето. 

Панкерите „Флукс“ кои годинава го објавија нивниот трет албум „Сè околу нас“, ќе настапат во МКЦ првиот ден, петок (25 октомври). Како гости на нивниот настап се најавуваат „The Beginnings (еx. Новиот Почеток)“ и „Tank Warning Net“.

Следниот ден, МКЦ е резервиран за групата „Културно уметнички работници“ кои ќе ја делат бината со „No Name Nation“ и „Тотално Опуштање“.

Билети за настанот можат да се купат на касата на МКЦ и на нивната веб-страница.