Охрид SOS: Исечено е дрво старо над 20 години, без никакво известување

Во попладневните часови вчера на брегот на Охридското Езеро, крај новата патека е исечено дебело стебло на дрво старо, повеќе од 20 години, без никакво известување ниту објаснување од градските власти, велат од невладината Охрид SOS.

Тие објавија и фотографии, кои нивен активист ги направил во моментот кога се сечеле дрвјата, велејќи дека дрвосечачите вербално го нападнале и за малку бил спречен физички напад врз него. Според невладината, активистот ги прашал зошто го сечат дрвото, на што му било одговорено дека станува збор за труло дрво, иако како што велат од Охрид SOS, станува збор за здраво дрво.

„Прашуваме зошто се криете од јавноста ако сечете труло дрво? Зошто напаѓате случаен минувач кој патем е и жител на општината и има полно право да знае што се случува во  општината каде живее? Охрид SOS е  грозен од одност на Општина Охрид спрема животната средина.

Изминатиов викенд Националниот Парк Галичица беше претворен во полигон за џипови, пред  неполна година се исекоа речиси сите стари дрвја крај патеката, не се остави ниту едно дрвце во дворот на црквата св. Софија.  До каде ќе одите господа? Ќе оставите ли природа во Охрид? Ќе има ли ладови на  плажата каде што посетителите ќе можат да се засолнат? Или можеби планот е да нема повеќе бесплатни сенки?

Природата ја сакатите на штета на сите жители на Охрид кои заработуваат од туризам во моментов. Зошто туристите во Охрид доаѓаат за природните сенки, за зеленилото и за синилото. Кога ќе ја уништите природата, а натаму сме тргнале- ќе ја уништите и секоја шанса за туризам во Охридско. Сѐ тоа за ситните моментални интереси на неколкумина“, стои во реакцијата на Охрид SOS.