Охрид домаќин на Фестивалот на филмови снимени со мобилен телефон

„Мобил Фестивал“ во ОхридУтре (17 декември) во Охрид ќе се одржи четвртиот Интернационален фестивал на филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал“. Фестивалот се отвора во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев”.

Организатори на настанот се КТ Филм и Медиа продукција од Скопје, а го поддржува Филмски Фонд на Македонија.

„Мобил Фестивал“  како патува низ повеќе градови во Македонија, а на фестивалот има две програми, натпреварувачка и ревијална.

Секој кој снимил филм со мобилен телефон, може да го испрати кај организаторите и со тоа да го збогати настанот.