„Огледало“ – прв сингл на на бендот „АнтиарТ“

Скопскиот бенд „АнтиарТ“ на својот Јутјуб канал објави видеоспот за нивниот прв официјален сингл насловен „Mirror“ („Огледало“).

Видеото е изработено од режисерот Владимир Митревски – Ѓуле (камера Драган Паковски, фотограф Маја Јакимовска). Дел од песната е снимен во студиото Алшар на Ивица Јанкуловски, а за аудио едитирањето се погрижи Горан Гешовски.

Бендот е составен од пет члена: Леана Таќи – Леа (вокал), Никола Бочваров (бас гитара), Давид Матевски (гитара), Гордан Спасовски (клавијатури) и Александар Ванчовски – Џигер (тапани). До крајот на годината тие планираат да го издадат својот прв студиски албум, а со дел од своите песни публиката имаше можност да ги чуе и на овогодинешниот РокФест.