Официјално отворање на обновената читална и уредениот двор во студентскиот „Стив Наумов“

Денеска напладне во студентскиот дом „Стив Наумов“ ќе бидат отворени обновената читална, опремената библиотека и уредениот двор во овој студентски дом „Стив Наумов“, направени во рамки на проектот „Студентски домови без корупција“ спроведен од страна на Младински образовен форум.

Студентската акција која се одржа од 1-ви до 12-ти јуни 2019 година беше спроведена од страна на студенти сместени во домот „Стив Наумов“ и членови на Младинскиот образовен форум.

Со оваа студентска акција се работеше на уредување на просторот на постоечката читална и дворот во студентскиот дом, а преку отворената донаторска акција, ќе се изврши и опремување на библиотеката во рамки на читалната. Донаторската акција за книги и литература ќе биде отворена и по официјалното отворање на обновената читална, а сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат да дадат свој придонес.

Со оваа акција започнува низата студентски акции во државните студентските домови. Студентски акции од проектот ќе се спроведат во државните студентски домови „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“ во текот на месец јуни 2019 година. Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество- Македонија.