Одржана првата официјална геј парада во Тајланд

Илјадници лица излегоа на улиците во Банкок и за првпат официјално учествуваа во геј парада за да го прослават Месецот на гордоста и да ја поддржат родовата еднаквост, пренесува „Еуроњуз“.

Луѓето парадираа по улиците и повикуваа за легализација на истополовите бракови како и за поголеми права на сексуалните работници.

Во Тајланд се чека парламентарно гласање на два закона за истополови парови, вклучувајќи и еден за граѓански партнерства.

Законот за граѓанско партнерство кој беше усвоен од властите во 2020 ќе дозволува истополовите заедници да ги уживаат скоро сите легално права како и хетеросексуалните брачни партнери.