Одложени Олимписките игри во Токио

Олимписките игри во Токио кои требаше да се одржат во 2020 година, се одложени до следната година поради светската пандемија на коронавирус.

Настанот, кој требаше да започне на 24 јули, сега е најавено дека ќе се одржи „не подоцна од летото 2021 година“, потврди Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

„Јас предложив да се одложи за една година и претседателот на [МОК] Томас Бах стопроцентно се согласи“,  рече јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Параолимписките игри во Токио, исто така, ќе бидат одложени до 2021 година. Настанот сепак ќе се вика Токио 2020 и покрај тоа што се случи во 2021 година, соопшти МОК.

Во заедничката изјава, организаторите на Токио 2020 и МОК соопштија:

„Невиденото и непредвидливо ширење на епидемијата, ја влоши ситуацијата од светот. Во понеделникот, генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреизус, рече дека пандемијата COVID-19 „забрзува “. Досега има регистрирано повеќе од 375.000 случаи ширум светот и скоро во секоја земја, а нивниот број расте од час во час.

Во сегашните околности и врз основа на информациите дадени од СЗО денес (вторник), претседателот на МОК и премиерот на Јапонија заклучија дека Игрите на Олимпијадата XXXII во Токио мора да бидат презакажани на датум после 2020 година, но не подоцна од летото 2021 година, за да се заштити здравјето на спортистите, на сите вклучени во Олимписките игри и на меѓународната заедница“.

Комитетот претходно си даде рок од четири недели да размисли за одложување на Олимпијадата, но имаше голем притисок од голем број олимписки комитети и спортисти кои побараа побрза одлука.

Канада стана првата голема земја што се повлече од двата настана, додека пак САД побара одложување.

Олимпијадата досега никогаш не била одложена во нејзината 124-годишна историја, иако игрите беа откажани во 1916, 1940 и 1944 година за време на двете светски војни.

Студената војна пак го наруши одржувањето на летните игри во Москва и Лос Анџелес во 1980 и 1984 година.

„Лидерите се согласија дека Олимписките игри во Токио може да опстојат како светло на надеж на светот во овие тешки времиња и дека олимпискиот пламен може да стане светлото на крајот од тунелот во кој светот се наоѓа во моментов.

Затоа, беше договорено олимпискиот пламен да остане во Јапонија. Исто така, беше договорено дека Игрите ќе го задржат името Олимписки и Параолимписки игри Токио 2020 година.”