Светска заедница на музеи ќе го прослави Меѓународниот ден на музеите, во четврток на 18 мај. На иницијативата се приклучува и Музејот на современа уметност во Скопје, со бесплатен влез и попуст на сите книги во музејската книжарница.
Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворен за публика до 20 часот и во него ќе можат да се погледнат изложбите на Михајло Арсовски, Делчо Михајлов и „Аквизиции и донации 2012-2016“. Влезот е слободен, а сè во нашата книжарница ќе биде со 30% попуст.
Целта на Меѓународниот ден на музеите е да се подигне свеста и фактот дека „музеите се важно средство за културна размена, збогатување на културите, развојот на меѓусебно разбирање, соработка и мир меѓу народите“. Секоја година на 18 мај, се организираат настани и активности кои во зависност од организацијата може да траат еден ден, викенд или цела недела.
Учеството на Меѓународниот ден на музеите е сè по масовно од година во година и атрактивно меѓу музеите низ целиот свет. Во 2016 година, повеќе од 35.000 музеи учествуваа на настанот во околу 145 земји.