Одбележување на Меѓународниот ден на друштвените игри на Машинскиот факултет и во бараките на ФИНКИ

По повод Меѓународниот ден на друштвените игри, 28 април, Boardgames.mk во соработка со Гоблин Друштвени Игри организираат целодневно дружење, кое ќе се одржи во сабота во бараките 2 и 3 на ФИНКИ и во дворот на Машинскиот факултет.

Се повикуваат сите бордгејмери, кардгејмери, воргејмери, гејмери да се вклучат во одбележувањето на овој ден, кое ќе започне во 10 часот.

„Имате добра игра што сакате да ја играте, ама на друштвото не им се допаѓа? Донесете ја играта и ќе ви најдеме играчи! Немате игра, а имате добро расположено друштво за играње? Дојдете, ќе ви најдеме игра!“, стои во најавата.

На настанот ќе бидат присутни и претставници од Archona Games и Final Frontier Games кои би помогнале со совети. 

Настанот е поддржан од Машинскиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ.