Од среда ќе има топол оброк за основците од Аеродром

Учениците од основните училишта на територијата на Општина Аеродром од среда (29 јануари), ќе почнат да добиваат топол оброк, соопштија од Општината.

Оттаму велат дека е избрана фирма за подготовка на топол оброк за учениците, а оваа година општината ќе субвенционира дел од сумата за оброкот.

„ Од Управата за јавни приходи е добиено известување дека данокот оваа година ќе изнесува 18 отсто, за разлика од минатата година, кога родителите плаќаа по 5 отсто, така што цената за топол оброк ќе биде зголемена. Со цел да им се излезе во пресрет на родителите, градоначалникот Марин донесе одлука разликата во цената да се субвенционира од општинскиот буџет за 2020 година и тие и оваа година ќе плаќаат иста сума како и минатата година, односно 1 500 денари месечно“, се додава во соопштението. 

Како што веќе пишуваше Радио МОФ, вечерта пред почетокот на второто полугодие, родителите добија известување дека нема да има храна за децата поради доцнење со тендерот. Од нив беше побарано или порано да си ги земат своите деца од школо, или да си понесат храна од дома.

Без топол оброк почна второто полугодие за учениците во Аеродром