Од Ковид 19 починаа уште 35 лица, регистрирани 1.320 нови случаи

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа од Ковид 19 починаа уште 35 лица меѓу кои и пациент на 34-годишна возраст од Гевгелија. 16 од починатите пациенти се од Скопје, 4 пациенти од Битола, тројца од Струмица, по двајца од Кочани и Прилеп и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија, Велес , Крива Паланка и Демир Капија. Сите се починати во болнички услови.

Направени се 4.738 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 604, Куманово – 80, Битола – 72, Велес – 62, Охрид – 60, Кавадарци и Штип – по 44, Прилеп – 43, Гостивар – 40, Гевгелија – 38, Тетово – 29, Струмица – 28, Неготино – 23, Струга – 20, Кочани – 19, Кичево – 18, Радовиш и Берово – по 10, Свети Николе и Крива Паланка – по 9, Ресен, Виница и Богданци – по 7, Делчево, Валандово и Крушево – по 6, Демир Капија – 5, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 4, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Регистрирани се 514 оздравени пациенти. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.230, бројката на оздравени пациенти е 104.345, на починати е 3.642, а бројот на активни случаи изнесува 18.243.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје 9159, Прилеп 1030 и Куманово 780.