„Од ѓубрево ќе се напрајт нов вирус 100%“ – јутјуберот Ставре го исчисти шеталиштето во Охрид

Младиот Никола Ставрески кој е познат по својот Јутјуб канал „Ставре“ викендов се впушти во чистачка акција. Опремен со ракавици и вреќи, рано наутро го чистеше шеталиштето во Охрид.

Преку своето ново видео тој прикажа и сцени од ноќните забави во овој град и колку се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.