Од филозофски, до медицински и уметнички теми – студенти на УКИМ организираат научни конференции

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги отвори повиците за пријавување учество на шест студентски научни конференции кои ги организира Комисијата за наука при УСС во соработка со Факултетските студентски собранија.

„Студентската научно-истражувачка дејност е есенцијална за високообразовниот процес. Науката е генератор на општествениот напредок и како таква мора да биде поставена на приоритетна позиција. Ова е само почеток на научната револуција која ќе започне од студентите, а нашата цел е да е прелее во целото општество“, велат од УСС.

Во продолжение, линкови со информации и пријава за секоја од конференциите:

📍 МЕЕТ конференција (Факултетски студентски собранија на Филозофски Факултет, Педагошки факултет)

https://bit.ly/2T6HJUc

📍 СКУН (Факултетски студентски собранија на Технолошко-металуршки факултет, Природно-математички факултет, Факултет за ликовни уметности)

https://bit.ly/2Anouz1

📍 НИСКЕП (Факултетски студентски собранија на Економски факултет и Правен факултет Јустинијан Први)

https://bit.ly/36cRHZD

📍 СКГКП (Факултетски студентски собранија на Ветеринарен факултет, Факултет за земјоделски науки и храна, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура, и екоинженеринг

https://bit.ly/3by9ZWe

📍 СНКН (Факултетски студентски собранија на Медицински факултет, Стоматолошки факултет, Факултет за физичко образование, спорт и здравје и Природно-математички факултет)

https://bit.ly/3dKPVRR

📍 СКЕЕОР (Факултет за електротехника и информациски технологии во соработка со Факултетски студентски собранија на Машински факултет, Градежен факултет и Архитектонски факултет)

https://bit.ly/2T7DOXk