Од денеска поевтин роаминг меѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина

Корисниците на мобилните оператори од Македонија ќе плаќаат за 20 отсто поевтино кога ќе користат мобилен роаминг од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Сега за една минута разговор во роаминг ќе се наплаќаат по 11,6 денари, за СМС порака 3,7 денари, а за мегабајт-интернет 12,3 денари. Ова е трето и последно намалување на цената на мобилниот роаминг предвидено со договорот од септември 2015 година, склучен помеѓу четирите држави од регионот.  Делта на договорот поевтинување на роаминг услугите во регионот коишто се повисоки со цените во државите од Европската унија.

Инаку од средината на јуни во сила стапи одлуката за укинување на роамингот меѓу земјите од Европската Унија. Таа важи за жителите на земјите од Европската унија, кои патуваат во рамки на Унијата.