Од денес започнува „Есенски гејминг месец“

Од денеска започнува „Autumn Gaming Month“ (Есенски гејминг месец) организиран од Македонската еспорт асоцијација (МЕСА). Во текот на ноември и почетокот на декември ќе се одиграат турнири во вкупно 6 видео игри.

За денес и утре (14 и 15 ноември) ќе има турнир во Fortnite, на 18 нормври ќе се игра Clash Royale, од 20-22 ноември – Counter Strike Global Offensive, на 25 ноември – Шах, додека од 27 до 29 ноември – Dota 2.

Од 4-6 декември, пак, е најавен турнир во League of Legends.

„’Autumn Gaming Month’ претставува најголем он-лајн настан за видео игри организиран во нашата држава. Видео игрите и еспортот се повеќе земаат замав на глобално и локално ниво, а поради Ковид- 19 пандемијата претставуваат еден од најкористените начини на он-лајн социјализација и извор на забава“, велат од МЕСА.

Сите овие натпреварувања, велат тие, ќе се одвиваат он-лајн со цел помогање во борбата против нашата нова реалност, пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19.

Како и на досегашните настани на МЕСА, борбата помеѓу играчите ќе биде пренесена во живо на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports и twitch.tv/ggtvmk.

„Ги покануваме сите заинтересирани заедно да ги проследиме овие турнири кои се дел од ‘Autumn Gaming Month’, како и секогаш не очекува забавна дружба со гејминг заедницата и одлично натпреварување помеѓу играчите“, соопштува МЕСА.