“Од Битола се може”, дискусија за поттикнување на претприемачкиот дух кај младите битолчани

Преку лични примери на пет претприемачи, вчера се одржа панел-дискусијата „Од Битола се може“, за да се поттикнат присутните студенти да размислуваат проактивно кон свој бизнис.

На дискусијата говореа стрип цртачот Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, Александар Поп Ристов – сопственик на Интерворкс, Благоја Стојчевски Тесла – сопственик на Тримод тим, Ангела Христовска – сопственик на Ајкон медија и Јордан Стојановски – ИТ иноватор.

Панелот беше дел од лансирањето на акцелераторска програма за старт ап програми во Пелагонискиот регион – проект координиран од ПРЕДА плус фондација и ФИКТ- факултет за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола. Проектот има за цел да поддржи и унапреди бизнис идеи на млади луѓе до 35 години од Пелагонискиот регион и е поддржан од Европската Унија.

Акцелераторската програма е дизајнирана да поддржува стартапи во рана фаза, со цел да се поттикне развој на иновативни идеи во повеќе области. Во период од 6 месеци Универзитетскиот Акцелератор ќе обезбеди тренинг, коучинг и менторски услуги за учесниците кои ќе се пријават на првиот повик за учество акцелераторската програма.

За програмата можат да аплицираат сите заинтересирани невработени лица, студенти, дипломци до 35 години кои имаат некаква идеја, апликација или решение за одреден проблем.

Сите заинтересирани, најдоцна до 24 Декември 2018 можат да аплицираат преку пополнување на следната он-лајн форма: https://igormarijanalidija.typeform.com/to/p2wxXH

Повеќе информации може да добиете на ФБ страната на @employouthmk, на веб страната на Преда Плус www.predaplus.eu или на отворениот час “ASK ME ANYTING” од 12 до 13 часот во канцеларијата на ПРЕДА ПЛУС на улица Кузман Јосифовски 88/4, Битола секој ден од 17 до 23 Декември.